СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Димитровски: Домашните и гостите од регионот, спас за туризмот

Стопанската комора за туризам секогаш бара мерки кои лесно може да се изведат и не задираат многу во буџетот на земјата, но со третиот сет мерки ќе бараме обештетување од државата, вели во интервју за Радио Слободна Европа, Емил Димитровски, претседател на Стопанската комора за туризам. Тој вели дека туризмот сè уште не го видел најлошото од економската криза и дека со обештетувањето ќе му се даде поттик на туристичкиот сектор да ја преживее оваа година. Димитровски зборува и за здравствениот пасош за летување и за тоа дали може да се искористат потенцијалите што ги нуди државата за туризам.

Државјаните на земјите членки на ЕУ ќе може да патуваат летово со здравствен пасош. Дали очекувате истите услови да важат и за македонските државјани?

Јас очекувам истите услови да важат и за македонските државјани, но не сум сигурен дека ќе може да патуваат со здравствен пасош, бидејќи за таква информација се зборува, само не сум сигурен дека е донесена. Но верувам дека Македонија ќе направи билатерални договори со соседните земји, бидејќи надминувањето на состојбата во туризмот најдобро е во почетокот да биде во соработка со соседните земји, значи да си помогнеме со Србија, Албанија, Бугарија, Грција, за да можеме да ја надминеме состојбата.

Агенцијата за поддршка и развој на туризмот започна кампања за промоција на заборавените дестинации во државата. Ќе вроди ли кампањата со плод имајќи ги во предвид проблемите кои ги споменавте?

Имаме одлична соработка со Агенцијата и сметаме дека ќе може и за поголемо вклучување на македонскиот пазар во Македонија ќе биде добра улогата на ваучерот што би требало да се издава за К-15, но верувам дека тоа ќе биде од наредната година, бидејќи колку што слушнав оваа година К-15 нема да се дава. Во однос на сегашната кампања „Летувај дома“ дефинитивно поради состојбата капацитетите во Македонија ќе бидат посетени од македониките туристи. Ако летно време имавме аутгоинг 200 илјади патника, сега таа бројка можеби ќе се преполови, тоа се гледа и со откажување на одредени чартери, намалување на хотелскиот дел во Грција, но ќе функционира аутгоингот, за сметка на тоа, особено постарите луѓе, ќе ги посетат нашите предели, ние имаме одлични предели, имаме голем подем на туризмот за разлика од пред 20 години во Македонија, никогаш ние нема да бидеме задоволни, бидејќи нормално е постојано да бараме нови мерки, градоначалниците повеќе да си ја вршат работата, државата повеќе да дава во промоција, значи тоа е нормална постапка, наша е да притискаме, нивно е да менаџираат во заедничка полза.

 

https://www.slobodnaevropa.mk/a/30599303.html

Поврзани вести

Скопје Мериот хотел одбележува 5 години постоење

Бензинот поскапува, дизелот поевтинува

Берта Китинска

УЈП ги ослободува компаниите од плаќање аконтации за данок на личен доход и добивка

Берта Китинска