СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Растот на биткоин продолжува – надмина 53.000 долари

Дигиталната валута биткоин денес дополнително зајакна. Во моментот на пишување на материјалот, неговата вредност е 53.313 долари. Тоа е раст во кој малкумина можеа да поверуваат вчера.

Најпопуларната крипто-валута во светот веќе неколку недели руши рекорди, а пред четири дена ја надмина границата од 50.000 американски долари.

Во последната година, вредноста на биткоинот се зголеми седум пати.

Растот на неговата вредност беше стимулиран од голема инвестиција на производителот на електрични автомобили „Тесла“, кој купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари, а потоа и од „Епл“, кои најавија дека можат да тргнат по истиот пат.

Поврзани вести

Треба ли да очекуваме нова корекција на Биткоинот?

Влатко Зорба

Централната банка на Тајланд со планови за дигитален бат

Влатко Зорба

GCash собира над 175 милиони долари нов капитал

Влатко Зорба