СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Поскапуваат горивата од полноќ

Бензините од полноќ поскапуваат за 1,50, а дизелот за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на литар Еуродизел (Д-Е V) оваа недела ќе биде 57 денари.

Во следните седум дена, еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 67,50 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе иде 69,50 денари за литар.

За денар и половина поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство, чија нова цена ќе биде 46,50 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.03.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 36,211 ден/кг.

Поврзани вести

Филиповска-Грашкоска: Предложено е поведување на повеќе од 25 кривични пријави за кршење на законите

Бесими: Инвестициите во развојот на човечкиот капитал се од исклучителна важност за напредокот на економијата

Влатко Зорба

Нафтените деривати поевтинуваат во просек за 1,35%

Влатко Зорба