Со тековната обнова на делницата од Пелинце до граничниот премин Пелинце ќе се заокружи рехабилитацијата на целата патна инфраструктура во делот на општините Куманово, Нагоричане и Ранковце.
-Патната и железничката инфраструктурата се приоритет број еден на оваа Влада. Овде минува европскиот Коридор 8 и инвестициите што ги реализираме превенствено се насочени за развој на Коридорот кој за нас е стратешки патен правец, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната работна посета на општина Старо Нагоричане.
Во делот на патната инфрастуктура, истакна, Сугарески, во ек е силна градежна активност. -Конкретно општина Старо Нагоричане завршивме со рехабилиатција на патниот правец до Пелинце. Во овој момент се работи на рехабилитација од Пелинце до граничниот премин што е особено многу важен за сите населени места и граѓани што што гравитираат тука а ги има преку 4500 граѓани. Вкупната инвестиција е 1,5 милиони евра. Исто така реконструирани се и неколку други регионални правци во Куманово и кумановско, кон Ранковце, така да ќе ја заокружиме целата патна инфраструктура во овој регион, рече Сугарески.
Според него, во ресорот „транспорт” има одлична динамика на реализацијата на капиталните инвестиции, Реализирани се околу 70 проценти во патната инфраструктура, преку 70 проценти во изградба на гасоводот, 64 проценти во изградба на железницата и 100 проценти изградба на социјалните станови.