СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Во јануари зголемени трошоците на живот

Трошоците на животот во јануари 2021 година, во однос на претходниот месец, се пониски за 0,2 проценти, а кај цените на мало нема промени.

Во однос на јануари лани трошоците на живот се зголемиле за 1,9 проценти, а цените на мало за 1,6 проценти, објави денеска Државниот зваод за статистика. Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компири и други коренести плодови за 6.5 проценти, свежото и разладеното овошје за 1,6 проценти, виното за 0,5 проценти, месото за 0,4 проценти, рибата и морските плодови, сирењето и урдата за 0.3 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.2 проценти.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај домашните миленици и сродните производи за 2,7 проценти, течните горива за домаќинствата за 1.9 проценти, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 1,3 проценти, информатичката опрема за обработка на податоци за 1,1 процент, обувките за 1 проценти, цврстите горива за домаќинствата за 0.9 проценти, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.6 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.5 проценту, другата облека и додатоците за облека за 0.4 проценти, облеката, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.2 проценти.

Пораст на трошоците на животот во јануари 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.6 проценти, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.5 проценти, маслото и маснотиите за 0.4 проценти, жестоките пијалаци за 0.3 проценти.

Во јануари, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај електричните апарати за лична хигиена за 4 проценти, гасот за домаќинствата за 3.6 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2.0 проценти, мебелот и покуќнината за 1.6 проценти, велосипедите за 1.4 проценти, големите електрични апарати за домаќинствата за 1.0 процент, патниот патнички транспорт за 0.8 проценти, градините, растенијата и цвеќињата, книгите за 0.6 проценти, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.4 проценти, моторните возила, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 0.3 проценти, фармацевтските производи, другото образование, угостителските услуги за 0.2 проценти.

Поврзани вести

ММФ ја ревидира стапката на раст за македонската економија

Влатко Зорба

СБ: Северна Македонија продолжува со позитивни трендови во економијата, растот 3,1 отсто

Влатко Зорба

„Стандард и Пурс“: Денарот и банкарскиот систем се и остануваат стабилни

Влатко Зорба