СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Инвестиција од 11 милиони денари за подобрување на патната мрежа во Кочани

Министерството за транспорт и врски во соработка со општина Кочани инвестира во подобрување на локалната патна мрежа. Со заедничка инвестиција од 11 милиони денари, се градат пет нови кружни текови со кои ќе се подобри безбедноста во сообраќајот во Кочани, истакна министерот Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Кочани.

Дополнително, потенцира министерот, преку Министерството за транспорт и врски во општина Кочани ќе се реконструираат три локални улици. За едната веќе е склучен договорот и градежните работи започнуваат следната недела, а за останите распишен е јавен повик за реконструкција .

„Имаме еден убав проект кој го видовме, а тоа е регулацијата на цел еден булевар со пет кружни текови, каде што централната Влада даде поддршка на општина Кочани, а остатокот од средствата ги обезбеди општината и ова е пример како се работи за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Знам дека во Кочани вака никогаш не се градело, знам дека ова е навистина убав период за градот кај што се гледа дека сите проекти кои со години тлееле, стоеле нереализирани, денеска се во фаза на реализација. Во продолжение на овие кружни текови од следната недела започнува и реконструкција на булеварот” изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој додаде дека со поддршката од централната власт се решава станбеното прашање во Ромската населба и дека наскоро се започнува со изградба на нова социјална зграда со 35 станбени единици.

„Ова е многу значаен проект за општина Кочани со кој обезбедуваме брз проток на сообраќајот во овој дел на градот. Завршивме два од вкупно пет планирани кружни текови, така да во следната фаза преку централната влада ќе го реконструираме десниот крак од булеварот со до полициската станица. Исто така преку министерството за транспорт и врски добивме поддршка за реконструкција на уште две улици кои се во многу лоша состојба и верувам дека со проектите што ги работиме преку општината ќе придонесеме за подобрување на условите за живеење во Кочани”, изјави Николчо Илијев, градоначалник на општина Кочани.

На новинарско прашање за гасификација на Источниот дел на земјата, министерот Бочварски истакна дека преку постапка за Јавно приватно партнерство која се води во Министерството за економија, со изборот на фирма, приватниот партнер ќе ја гради мрежата во општините. Во меѓувреме истакна министерот, до крај на годината ќе се заврши со изградба на магистралните гасоводи од Неготино до Битола и од Скопје до Гостивар, како и распишување на повикот за изградба на конекторот со Грција.

Поврзани вести

Нова поволност: Од среда бескаматни кредити за фирмите погодени од корона кризата

Берта Китинска

Донесен петтиот пакет економски мерки вреден 160 милиони евра (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Битиќи нема да присуствува на средбата со НУК

Влатко Зорба