20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Јовановска: Се бараат работници во производството и услужните дејности, 800 компании направија нови вработувања

Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска во гостувањето на ТВ Сител во емисијата „Ја сакам Македонија“, изјави дека во месец март евидентирани се нови 2000 лица кои се водат како невработени.

-Во агенцијата за месец март се пријавени нови 2000 лица како невработени, воедно за месец април очекуваме поголема бројка од оваа, таа транспарентно ќе биде објавена во првата недела од месец мај на страната на Агенцијата за вработување. Новите невработени лица според евиденцијата се од производствениот сектор,  преработувачкиот, трговија на големо и мало, транспортни услуги, услужни дејности, изјави Јовановска.

Според Јовановска угостителскиот сектор согласност податоците за пријави и одјави немал зголемен број на отпуштени работници.

-Во овој период имаме околу 800 мали, средни компании и социјални претпријатија склучија договор за субвенционирање  на плати, односно направија нови вработувања, преку новата мерка, во која наведено е дека треба да се задржат и веќе примените работници. Најголем дел од компаниите кои склучија вакви договори се од производството, услужните дејности и транспорт и врски. Воедно се користи и мерката за раст и развој во која не даваме субвенции за плати, туку помош за набавка на репроматеријали, изјави Јовановска.

Поврзани вести

За активни програми и мерки за вработување издвоени се 24,5 милиони евра за опфат на 10.279 граѓани

Влатко Зорба

Поднесена иницијатива до Уставен суд од Хари Костов и акционери на Комерцијална за дивидендите

Влатко Зорба

Петстотина најбогати луѓе на свет изгубија во еден ден вкупно 120 милијарди евра