СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Канадските компании се приклучуваат кон светски познати брендови кои решија да не се рекламираат на „Фејсбук“

Канадските компании се приклучуваат кон се поголемиот список на светски познати брендови кои решија да не се рекламираат на „Фејсбук“ во јули, поради одбивањето на компанијата да преземе мерки против ширење содржини со омраза на својата платформа.

Канадските компании „Лулулемон“, „МЕЦ“ и „Арктерикс“ ќе ги повлечат своите платени реклами од „Фејсбук“ и ќе се приклучат на бојкотот, кој веќе го поддржаа „Кока-Кола“, „Мајкрософт“, „Форд Моторс“ и многу други.

Различни групи за граѓански права, вклучително и Лигата против клевета и Националното здружение за унапредување на животите на „обоените“ луѓе, велат дека „Фејсбук“ не направил доволно за да спречи расистички, лажни и опасни содржин на својата платформа.

Како што пренесуваат странските агенции, бојкотот на овие компании е значаен, бидејќи приходите на „Фејсбук“ од реклами минатата година изнесуваа речиси 69,66 милијарди американски долари.

Неодамнешниот пад на акциите избриша 56 милијарди американски долари од пазарната вредност на Фејсбук и 7,2 милијарди долари нето вредност на основачот Марк Цукерберг. 

Поврзани вести

Продолжен рокот за образец за ослободување од плаќање месечни аконтации за данок на добивка

Берта Китинска

МТСП: Ќе има дополнителна исплата на паричните права за корисниците кои беа клиенти на „Еуростандард Банка“, а не успеале да отворат нова сметка во дадениот рок

Никола Поповски

708,000 евра за изградба на нова управна зграда на ЈКП Водовод Битола

Влатко Зорба