СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Комерцијална банка однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од 120 милиони денари

Комерцијална банка АД Скопје донесе одлука однапред и во целост да го плати данокот на добивка за годинава кој изнесува 120 милиони денари или околу 2 милиони евра. Целта е да не се користи системот за плаќање преку аконтации на данокот на добивка, туку да се даде придонес во зголемување на ликвидноста на буџетот на државата во време на криза.

„Имајќи го предвид развојот на состојбите и сериозната опасност од ширењето на Ковид-19 (корона вирусот) во нашата земја, Комерцијална банка АД Скопје однапред изврши плаќање на своите месечни обврски по основ на аконтативно плаќање на данокот на добивка за 2020 година. Со тоа е веднаш исплатен вкупен износ од 120.000.000 денари, наместо вообичаената исплата преку месечни аконтативни износи.

Со ваквата одлука, Комерцијална банка АД Скопје настојува да придонесе за поголема ликвидност на државата и нејзиниот буџет, а со тоа и да го зголеми капацитетот на државните органи за обезбедување на сите потребни мерки и активности за заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување континуитет во функционирањето на виталните процеси во општеството.
Комерцијална банка со сите свои сервиси останува во служба на клиентите со цел сите финансиски потреби да бидат безбедно и ефикасно опслужени. Апелираме да се почитуваат сите мерки и инструкции од надлежните органи во насока на што побрзо и поефикасно справување со овие предизвици“, соопштија од банката.

Поврзани вести

Битиќи: Боледувањето поради Ковид-19 ќе важи и за јавната администрација и за приватниот сектор

Берта Китинска

Д-р Филип Станковиќ – научник од Македонија кој работи на развој на иновативни производи во тутунската индустрија

Граѓаните помошта од 6000 денари ќе ја добијат на трансакциски сметки

Берта Китинска