СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Лицата со бенифициран стаж до 30 следниот месец да изберат дали ќе членуваат во задолжителните пензиски фондови

Членовите на задолжителните пензиски фондови со бенифициран стаж имаат право до 30 следниот месец да изберат дали ќе го продолжат членството во тие фондови или пак парите ќе им бидат префрлени во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување.

Согласно со законските измени од 2 септември годинава членовите на задолжителните пензиски фондови кои веќе стекнале стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд најдоцна до 30 следниот месец, соопшти денеска Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС),

Изборот се врши со писмена изјава, а доколку членовите до овој рок не го остварат правото за избор, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане на 1 декември 2019 година. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ). Членовите кои нема да го остварат правото на избор остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе остварат пензија.

Поврзани вести

Досегашната помош за угостителите беше доволна, смета Бектеши

Влатко Зорба

Биткоинот достигна 15.000 долари, за првпат од јануари 2015 година

Stefanija Kuzmanovska

Пензиите повисоки во просек за 185 денари, ќе се исплаќаат од 26 јануари

Влатко Зорба