СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Милионер си ја намалил платата за вработените да имаат повеќе

Пред неколку години, целиот свет го следеше потегот на Ден Прајс, претприемач од Сиетл.

Имено, тој си ја намали платата од еден милион долари годишно на 70.000 за да може на своите вработени да им исплати 70.000 долари.

Прајс, сопственикот на компанијата за финансиски услуги „Гравити пејментс“, неодамна се појави на социјалните мрежи и ги откри последиците од неговата одлука.

„Кога воведов минимална плата од 70.000 долари годишно во мојата компанија во 2015 година, Раш Лимбо рече:„ Се надевам дека оваа компанија ќе стане предмет на студии на МБА програмите за тоа како социјализмот не функционира затоа што че пропадне“. „Оттогаш нашата компанија е тројно зголемена, а денес сме предмет на студии на Харвард“, напиша Прајс.

„Откога воведовме минимална плата од 70.000 долари годишно во 2015 година, нашиот бизнис е зголемен за три пати, а бројот на вработени кои поседуваат свој дом се зголеми за десет пати. Седумдесет проценти од вработените ги исплатија долговите. Бројот на деца на вработени се зголеми за десет пати. Заминувањето на вработените е преполовено. Дури 76 проценти од вработените се поангажирани, двојно повеќе од националниот просек “, напиша тој.

Неколку дена подоцна, тој повторно се јави: „Многу луѓе тврдат дека ова е доказ дека капитализмот и слободниот пазар се ефикасни. Јас не се согласувам. Луѓето посочуваат на мене како новина. Се издвојувам со причина, никој не ме следеше во ова. Потпирањето на добродушните директори е рецепт за експлоатација на вработените. Откако ја воведов таа плата, секој ден добивам лути пораки од луѓе кои тврдат дека работниците не ја заслужуваат таа плата. „Тажно е што сме воспитани да ги понижуваме другите, наместо да го доведуваме во прашање системот што нè понижува“, напиша тој.
Тој за Би-Би-Си во февруари изјави: „Луѓето гладуваат, се отпуштаат од работа или ги експлоатираат, а некој може да има пентхаус на врвот на зградата во Њујорк со златни столчиња. Ние ја величаме алчноста како општество цело време, во нашата култура. И, знаете, листата на Форбс е најлош пример: Бил Гејтс го надмина Џеф Безос како најбогат човек. На кој му е гајле!?”.

Поврзани вести

ОПЕК+: Нафтената војна е завршена, но поради коронавирусот бензините остануваат ефтини

Економско-социјалниот совет дискутираше за концептот на петтиот пакет економски мерки

Влатко Зорба

Танасоски: Зелени коридори ќе обезбедат 24 часовна работа на гранични премини

Берта Китинска