СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Народната банка започнува со објавување нови статистички податоци од доменот на картичното работење

Народната банка започнува со објавување нови статистички податоци од доменот на картичното работење коишто се поврзани со трансакциите во странство со платежните картички издадени од домашни издавачи и со трансакциите во земјата со платежните картички издадени од странски издавачи и со објавување на надоместоците коишто банките и другите даватели на платежни услуги ги наплатуваат од трговците за плаќањата со платежните картички.

Податоците поврзани со трансакциите со картички од домашни издавачи во странство и од странски издавачи во земјата досега се прикажуваа само на агрегатно ниво, во рамки на извештаите за платежни трансакции со платежни картички според типот на уредот. Во новите прегледи, овие податоци ќе бидат подетално прикажани од аспект на земјата во која е лоциран уредот преку кој е извршено плаќањето, како и од аспект на земјата во која е издадена платежната картичка. Притоа, за секоја од поединечните земји ќе бидат објавени податоци за бројот и вредноста на плаќањата, во зависност од тоа дали се извршени на банкомати, уреди на физички места на продажба (пос-терминали) или на виртуелни места на продажба.

Согласно со најновите измени на Одлуката за доставување податоци за извршените активности во платниот промет е предвидено Народната банка да објавува податоци и за висината на надоместоците на продажно место коишто банките и други даватели на платежни услуги ги наплатуваат од трговците. Во статистичките прегледи, податоците за надоместоците ќе бидат подетално прикажани во зависност од дејноста на трговецот и според висината на годишниот промет остварен со платежни картички.

Новите податоци ќе бидат достапни на веб-страницата на Народната банка, во делот „Платежна статистика“. Податоците по земји за трансакциите со платежни картички ќе бидат објавени за периодот од 2016 до 2018 година, додека, пакза надоместоците на продажно место за 2018 година. Понатаму, податоците ќе се објавуваат на редовна годишна основа, согласно со календарот на објавување податоци од доменот на платежната статистика.

Народната банка постојано работи на унапредување на дисеминацијата и на зголемување на транспарентноста на статистичките податоци за кои е надлежна,  согласно со својата стратешка определба за подобрување на комуникацијата со корисниците на податоците.

Поврзани вести

Мерката 14.500 денари ги задржа работниците, но дел не добија плати

НУК со иницијатива за промена, исправка и дополнување на шифри на дејност за пријава на финансиска поддршка од 6-тиот сет мерки

Битиќи: Новата програма ја креираме заедно со граѓаните