СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ќе изостане мерката за помош на компаниите за исплата на минимална плата

Заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски во вчерашното издание на емисијата „Економски Магазин“ на Алсат соопшти дека во петтиот пакет владина економска помош ќе изостане мерката за помош на компаниите за исплата на минималната плата.

Петтиот пакет, појасни Ковачевски, ќе биде наменет за поттикнување на ревитализацијата на стопанството, а компаниите коишто нема да може да обезбедат плати за вработените ќе може да аплицираат за поволен кредит.

„Компаниите коишто ќе имаат проблем со исплата на плати, ќе може да аплицираат во Банката за развој, да добијат бескаматен кредит, а оние коишто ќе покажат раст, според критериуми што ќе бидат дефинирани, ќе може да добијат грантова компонента во самиот кредит“, рече Ковачевски.

Поврзани вести

„Луфтханза“ го продаде европскиот кетеринг бизнис вреден повеќе од милијарда евра

Фирмите и граѓаните ќе добијат помош – се разгледува петтиот пакет мерки

Берта Китинска

Нови мерки и 200 милиони евра поддршка за модерно и одржливо земјоделството, најавува Владата

Берта Китинска