СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

НБМ и ФОД за Еуростандард банка: Штедачите до 30 000 евра ќе бидат обесштетени, исплатата ќе почне за 20 дена

Народната банка објави дека граѓаните кои имаат заштеди до 30 илјади евра во Еуростандард банка, не треба да стравуваат и дека депозитите ќе ги добијат во целост. Останатите кои имаат над оваа сума –  парите ќе ги чекаат од стечајната постапка.

Истото го потврди и Фонфот за осигурување на депозити.

„Депозитите на граѓаните во ‘Еуростандард банка’ АД Скопје кои согласно со Законот за Фондот за осигурување на депозити се осигурени, ќе бидат обесштетени од Фондот за осигурување на депозити (ФОД), во износ до 30.000 евра по лице. Од ФОД ќе бидат обесштетени депозитите на 99,4% од физичките лица – депоненти во ‘Еуростандард банка’ АД Скопје. Исплатата од страна на ФОД ќе започне во рок од 20 дена, согласно со Законот. Вкупниот износ на депозитите на физички лица кои ќе бидат обесштетени изнесува околу 4,4 милијарди денари (со состојба на 31 јули 2020 година). ФОД располага со доволен обем на средства и исплатата на депозитите ќе се спроведе навремено“, се вели во соопштението.

Народната банка ја укина дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје. Банката изминатив период била под засилен надзор, а супервизорските тимови постојано констатирале висока изложеност  на кредитен ризик.

„Ја уверуваме јавноста дека вложивме исклучителен напор да се најде поинакво решение за банката, да не дојде до нејзино затворање“, рече гувернерката на НБМ Ангеловска-Бежоска на прес-конференција и дополни дека со згаснувањето на Еуростандард нема да се загрози стабилноста на банкарскиот систем. Во Еуростандард биле вработени 170 лица.

Поврзани вести

Платите на заболените со ковид ќе се регулираат согласно закон и колективен договор

Берта Китинска

Генералниот директор на Светската трговска организација поднесува оставка

Stefanija Kuzmanovska

Спасовски: За да ја искористат финансиската поддршка, работодавачите ќе треба да исполнат неколку услови