СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Нов Закон за платежни услуги и платни системи: Финтек, нови услуги и финансиска инклузија на ранливите категории

Новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто од денеска е поставен за јавна консултација на Единствениот национален регистар за прописи – ЕНЕР, ќе придонесе за либерализација на пазарот на платежни услуги. Тој ќе овозможи влез на нови даватели на платежни услуги, пред сè од Финтек-секторот, и ќе поттикне дигитална трансформација на постојните учесници на пазарот. Очекуваното зголемување на конкуренцијата ќе придонесе за создавање поширок и поквалитетен сет платежни услуги за потрошувачите и компаниите.

Воедно, со неговото носење ќе се подигне нивото на хармонизираност на домашната правна регулатива во подрачјето „Слободно движење на капиталот“, во рамки на нашиот пат за членство во ЕУ, како еден од предусловите за вклучување на Република Северна Македонија во Единствената европска платежна област (СЕПА).

Во рамки на овој закон, чија примена се очекува од почетокот на следната година, се предвидува и воведување платежна сметка со основни функции, којашто ќе може да ја отвори секој граѓанин. Отворањето на сметката како и неколку основни платежни услуги, за ранливите категории ќе бидат бесплатни, со што ќе се подигне степенот на финансиска инклузија за којашто се залагаме.

Новиот Закон за платежни услуги и платни системи ќе придонесе за одржување ефикасен, сигурен и стабилен национален платен систем, подготвен за негова понатамошна платежна интеграција со платежната инфраструктура на ЕУ и пошироко.

Предлог-законот за платежни услуги и платни системи е достапен на следниот линк.

Поврзани вести

Деспотовски: Не може со 12.000 денари плата да очекуваме германска работна дисциплина

Влатко Зорба

ФИТР и Рош Македонија со нов хакатон за иновативни решенија во е-здравство

Влатко Зорба

САД со рекорден дефицит во последните 12 години

Stefanija Kuzmanovska