СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Пандемијата со Ковид-19 предизвика берзите ширум светот да бележат пад

Цените на акциите на азиските берзи денеска забележаа голем пад, како и индексите на Волстрит, додека индексите на европските берзи паднаа на најниско нови од средината на 2016 година.

Тоа е резултат на пандемијата со новиот коронавирус, но и падот на цената на нафтата и одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да ги забрани патувања во Европа во рок од 30 дена.

Во Европа индексот „ЕуроСтокс 50“ на пазарот на фјучерси забележа пад од 6,3 отсто откако претходно беше регистриран пад дури од 8,3 проценти.

Лондонскиот индекс  фјучерс ФТСЕ изгуби 5,6 отсто, додека германскиот ДАКС – 6,0 поценти.

МСЦИ индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските се намали за 4,0 проценти и е на најниското ниво од почетокот на 2019 година.

На Токиската берза, Никеи индексот се намали за 3,8 проценти, додека акциите во Шангај, Хонг Конг, Јужна Кореја, Австралија и Сингапур се намалија 1,6 и 8,0 отсто.

Остар пад забележаа и американските термински индекси, индексот фјучерс С&П500 утрово падна за 4,7 отсто, откако вчера се намали 4,9 проценти.

Терминскиот индекс на Дау Џонс во моментот бележи загуба од над 800 поени, по вчерашниот пад од 5,8 проценти, што е првпат од финансиската криза во 2008 година.

Поврзани вести

СКМ: Ограничувањето на можноста за работа во недела ќе влијае на продуктивноста и конкурентноста на компаниите

Влатко Зорба

Агро секторот апелира за отворање акредитирана лабораторија за квалитет на семе за извоз

Влатко Зорба

Од 18 на 10 отсто ќе се намали ДДВ на храна и пијалоци во кафулињата

Берта Китинска