СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Почнува етапна исплата на пензиите во банките

Од денеска ќе се врши етапна исплата на пензиите на шалтерите на банките, според висината на пензијата.

За пензии до 11.000 денари исплата е денеска, за пензии од 11.001 до 14.000 денари, исплата е во утре (вторник 28 април), за пензии од 14.001 до 18.000 денари исплата ево среда 29 април и за пензии повисоки од 18.001 денар, исплата во четврток, 30 април.

Етапната исплата на пензиите е направена со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Пензионерите кои користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, веќе можат да ги користат парите за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, пензиите можат да ги подигнат на банкоматите на банките

Поврзани вести

Солидарност во бизнис секторот за справување со КОВИД-19

Лиценцираните туристички агенци ќе може да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“

Берта Китинска

Граѓаните бесплатно може да добиваат податоци од Кредитниот регистер