СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Поранешната министерка за финансии повторно на чело на Асоцијацијата за е-трговија

Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска, повторно е на чело на Асоцијација за е-трговија на Македонија.

„По стапувањето на функцијата министер за финансии, сите тековни ангажмни кои ги имав беа ставени во мирување. Една од нив беше и водењето на Асоцијација за е-трговија на Македонија. Со задоволство и подеднаква пасија и посветеност кон предизвиците, растот и развојот на е-трговијата се враќам како претседател“, напиша таа.
Ангеловска потсетува дека поттик за лансирањето на првата Асоцијација за е-трговија во 2017 година било искуството што го стекнала дома и надвор, но и бавниот развој на е-трговијата и пасијата за е-трговијата како интегрален дел на дигиталната економија.

За речиси три години постигнавме многу. Ја кренавме свеста за значењето и потенцијалот на е-трговијата, придонесовме кон олеснување на патот за е-трговците, кон едукација и многу повеќе. Соработувавме со засегнатите владини институции за регулативата и олеснување на дел од административните процеси. Соработувавме и со меѓународните организации и заедно лансиравме повеќе проекти“, вели ексминистерката.

Таа додава дека еден од тие проекти е и платформата „Е-трговија за сите” https://ecommerce4all.mk/, која на едно место ги сублимира сите информации за е-трговците кои им се потребни за започнување и работење е-трговија.

Асоцијацијата, како што додава, веќе брои речиси 100 членови од сите сектори поврзани со е-трговија (банки, компании за достава, маркетинг, ИТ и е-трговци) кои помагаат во идентификување на бариерите и заедно работат кон унапредување на е-трговијата.Ангеловска исто така ја најави и третата годишна конференција за е-трговија, што ќе се одржи на 25 и 26 ноември, на тема „Е-трговија & COVID-19: Предизвици и можности“, на која таа е еден од говорниците, напиша  на својот Фејсбук профил поранешната министерка за финасии.

Поврзани вести

Ангеловска-Бежоска: Нефункционалните кредити сведени на историски најниско ниво

Сугарески: Во источниот дел на државата инвестирани 80 милиони евра во инфраструктура

Влатко Зорба

Ангеловска во Париз на состанок на БЕПС

Никола Поповски