СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

За купен луксузен апартман гратис Aston Martin од 200.000 долари

Aston Martin е луксузен автомобилски бренд што е познат меѓу оние љубители на миленици на четири тркала со подлабок џеб. Овој пат, компанијата соработува со архитектот Сер Дејвид Едџеј, кој дизајнира пет луксузни апартмани во Њујорк.

Новиот сопственик на апартманите, сместени на 59-от и 60-от кат од зградата 130 William, како подарок ќе го добие најновиот модел DBX SUV на Aston Martin.

Најевтиниот од петте апартмани е достапен по цена од четири милиони долари, додека за најскапиот треба да се одвојат “само“ 11,5 милиони долари. Со секој од апартманите ќе следува и луксузниот автомобил, чија пазарна вредност е околу 200.000 долари.

Поврзани вести

„Алкалоид“ со донација за студентските и училишните домови во Скопје во вкупен износ од близу 5 милиони денари

msp-admin

Фирми и поединци на УЈП ѝ должат 9,6 милијарди денари

msp-admin

Кина го зголеми својот извоз за 60% во првите два месеци од годинава

Влатко Зорба