СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Се зголемува финансиската поддршка за занаетчиите

На предлог на Министерството за економија Владата денеска ги усвои измените на Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво со што се зголемија средствата за поддршка на занаетчиите.

-Финансиската поддршка за мерката за набавка на алати и репроматеријали за занаетчиите се зголемени од претходно предвидените 12 милиони денари на 20 милиони денари. Исто така со измените на Програмата зголемена е и финансиската поддршка по апликант, соопшти Министерството за економија.

Имено, со оваа мерка сега се предвидува надоместување на 60 проценти од трошоците на занаетчиите или максимум 60.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали по апликант. Претходно беше предвидена финансиска поддршка од максимум 30.000 денари по апликант.

Право на учество ќе имаат занаетчии регистрирани согласно Законот за занаетчиство и ги исполнуваат условите кои ќе бидат дефинирани во Јавниот повик кој, според ресорното Министерство, ќе биде објавен во наредните денови по усвојувањето на ребалансот на Буџетот.

Поврзани вести

Анѓушев од Вашингтон: Енергетската заедница ја прогласи С. Македонија за лидер во спроведување на енергетските реформи

Влатко Зорба

УЈП ја заокружи исплатата на ДДВ на физички лица за второто тримесечје од годинава

Костовски ги повикувам МВР и Обвинителството да отворат истрага за „Еуростандард банка“

Берта Китинска