Здружението на граѓани ОБНОВА ГЛОБАЛ Струмица, заради исполнување на целите и програмите на здружението како и со примена на начелата на фер, законитост и транспарентност, спроведува постапки пред сите заинтересирани лица и пред пошироката јавност во Република Северна Македонија за набавка со јавно наддавање, која ќе се одржи на ден 13.02.2021 година во 19:30 часот, вели во објавата Стојан Манев, врз основа на одлука донесена на одржано Собрание на Здружението на граѓани „ОБНОВА ГЛОБАЛ“ Струмица.
Со спроведување на наведената постапка ќе се доделат договори за набавка на материјали и опрема како и за изведување на градежно и градежно=занаетчиски работи во ГТЦ ГЛОБАЛ Струмица во врска со штетата предизвикана од пожарот кој се случи во ГТЦ ГЛОБАЛ Струмица на ден 02.01.2021 година.
Се повикуваат сите заинтересирани правни и физички лица кои имаат интерес за учество на јавниот повик да достават писмено барање на email на здружението: globalobnova@yahoo.com за запознавање со условите и заради добивање на сета потребна документација за учество на јавното наддавање, или да го контактираат Претседателот на здружението Стојан Манев: 075/283-103.