СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Доаѓа крајот на годината, ќе дискутираме кого треба да пофалиме, а кого да критикуваме

Инициравме да се објават на месечно ниво реализацијата на капиталните инвестиции, баш затоа што некои имаат одлична реализација, а даваме можност и јавноста да следи и да се прави притисок на буџетски корисници кои имаат слаба реализација, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска во интервју на Телевизија 24.

„Реализацијата на капиталните инвестиции заклучно со октомври е 41%. Буџетот е ликвиден, приходите се реализираат. Проектиран е дефицитот е 2,5%, но ќе видиме на крајот на годината, бидејќи речиси секогаш не се реализира проектираниот дефицит. Со дефицитот се стимулира и економскиот раст. Не е добар сигнал да не го реализираме дефицитот. Ако тој дефицит е наменет за трошење кои ќе дадат економски раст, треба да сакаме да го реализираме“, рече Ангеловска.

Таа истакна дека споредено со минатата година, капиталните инвестиции се во раст за 20%.

„Премиерот рече дека очекува реализација на капиталните инвестиции до 80%. Се очекува во овие два месеци да повлечат и други проекти. Ќе дојде крајот на годината, па ќе дискутираме кого треба да пофалиме, а кого да критикуваме. Имаме уште два месеци, ќе имаме прилика и во јануари да дискутираме за тоа. Има големо интензивирање, се работи на терен. Министерството за транспорт и врски има огромна реализација, се работи за големи проекти“, истакна министерката Ангеловска.

Поврзани вести

Над 144 милиони долари од извоз на автоделови од земјава

Ќе се загубат од 2.000 до 20.000 работни места – туризмот две сценарија за последиците од кризата

Ангеловска Бежовска: Домашната побарувачка, личната потрошувачка и инвестициите ќе го креираат растот на домашната економија

Влатко Зорба