СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Промет од 23 милијарди долари за девет часа на „Денот на самецот“

Денот на самецот“ што како пандан на американските „Црн петок“ и „Сајбер понеделник“ пред десетина години го промовираше кинеската компанија „Али Баба“, веќе е празник за љубителите на он-лајн купувањето. Денешната продажба, само во првите девет часа, е скокната за 25 отсто и за тоа време  е купена стока во вредност од 23 милијарди долари, наведе „Али Баба“ .

Овие податоци се речиси една третина од вредноста што американскиот ривал „Амазон“ ја остварил во последниот квартал, пренесуваат британските медиуми.

„Денот на самецот“ стана можност за заработка на компанијата „Али баба“ (Alibaba Group Holding Ltd), која планира да продаде акции во вредност од 15 милијарди долари во Хонг Конг.

Компанијата, која веќе излезе на американскиот пазар, многу вложи за да биде присутна во повеќе сфери, но и натаму 80 отсто од заработувачката остварува од е-трговија.

„Денот на самецот“, како кинески пандан на „Црниот петок“ и „Сајбер понеделеникот“ во 2009 година беше промовиран како „шопинг фестивал“ од страна на извршниот директор на „ Али Баба“, Даниел Чанг.

Оттогаш тој израсна во еден од најголемите настани во е-трговијата и празник за љубителите на онлајн купувањето.

Често нарекуван и „ Двојна единаесеттка“ името на фестивалот доаѓа од календарскиот датум што го сочинуваат четири единици (11/11) што ги симболизира луѓето кои живеат сами.

Поврзани вести

За еден ден заработил 5,1 милијарди долари!

Влатко Зорба

НБРМ: Поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност во третиот квартал

Влатко Зорба

Шахпаска: Вкупно 79,5 милиони евра за финансиска поддршка за вработените во компаниите

Берта Китинска