СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Путин: Најчуствителното прашање за руските компании во моментов е падот на побарувачката

Најчуствителното прашање за руските компании во моментов е падот на побарувачката, како и на целокупниот обем на малопродажната трговија, која за време на пандемијата на коронавирусот е намалена за дури 35 отсто, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

-Во моментов се нарушени бројни трговски врски, а многу компании заради ограничувачките мрки трпат огромни загуби, рече Путин,  пренесуваат руските медиуми.

Тоа самото зборува дека пазарот се „намалил“, наведе рускиот претседател,  покјрај оценката дека тоа е и огромен шок за голем број руски компании.

Тој, истовремено, на тоа дека Русија има ресурси и резерви за активна антикризна политика во ситуација на пандемија на коронавирусот.

-Ресурсите, инструментите, резервите ги имаме. Потребно е максимално ефикасно да ги искористиме, за да можеме да го постигнеме саканиот ефект, додаде Путин.

Поврзани вести

Осигурителните компании кои оствариле добивка лани да не делат дивиденда, бара АСО

Влатко Зорба

Европскиот пазар на автомобили забележа пад за 7,5 отсто во јануари

Зголемени трошоците за животот и цените на мало

Stefanija Kuzmanovska