СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Секој Американец должи 70.000 долари

Американскиот национален долг е најголем во историјата, откако го надмина износот од 26.000 милијарди, или 26 трилиони долари.

Кога ќе се пресмета јавниот долг во однос на бројот на жители, излегува дека секој Американец должи околу 70.000 долари, односно долгот е околу 179,000 долари по домаќинство.

Зголемувањето на долгот е последица на кризата предизвикана од пандемијата со коронавирус.

Американската администрација одобри околу 5 трилиони долари од март за фонд за ублажување на економските последици од пандемијата.

Не е само долгот проблем за американската економија, туку и буџетскиот дефицит. Во текот на првите осум месеци од фискалната година (која трае од 1 октомври до 30 септември), буџетскиот дефицит достигна 1,88 трилиони американски долари, или 1,880 милијарди американски долари, повеќе од кој било годишен дефицит на буџетот во историјата на Америка.

Заради споредба, дефицитот за целата фискална 2019 година изнесуваше 738,6 милијарди долари, додека сега е за двапати поголем за 8 месеци.

Долгот на САД расте со години, но врвот на растот се должи на пандемијата на вирусот.

Според фондацијата „Питер Петерсон“, Соединетите држави трошат 1 милијарда долари на ден само на камата на националниот долг.

Долгот на САД во вторникот на 9 јуни изнесуваше 26,003,751,512,345 долари, според податоците на американското Министерство за финансии.

Поврзани вести

Од денеска нема повеќе онлајн „коцкање“

Берта Китинска

НБ: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 1,25 отсто

Влатко Зорба

Еуроникел Индустри за Општата болница во Кавадарци донираше пет медицински апарати

Берта Китинска