СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Скопски пазар со нето добивка од 107.113 илјади денари

Остварените вкупни приходи на Скопски Пазар АД Скопје во периодот јануари – декември 2020 година изнесуваат 376.335 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2019 година бележат намалување од 0,01%, соопшти компанијата во својот извештај.

Скопски пазар АД Скопје за истиот период остварил нето добивка од 107.113 илјади денари.

Остварените вкупни расходи во периодот Јануари – Декември 2020 година изнесуваат 262.250 илјади денари и во споредба со истиот период од 2019 година бележат намалување од 24,86%.

На редовното Годишно собрание во мај 2020 година не беше донесена одлука за исплата на дивиденда за 2019 година. Согласно одлуките на Годишното собрание на акционери, остварената нето добивка за 2019 година на износ од 24.585 илјади денари се распределила за инвестиции.

Поврзани вести

Берза го објави месечниот билтен: Пад на вкупниот промет и бројот на трансакции (инфографик)

Влатко Зорба

Неверојатна заработувачка на Безос: 13,2 милијарди долари за само 15 минути

Никола Поповски

Бектеши: Ќе има субвенции и за октомвриската плата

Берта Китинска