СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Современ дом“ и „ЗСФ КОМ“ добија дозвола од КХВ да го преземат „Скопски пазар“

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 96-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ, М-р Нора Алити донесе Решение со кое на Современ дом АД Прилеп и на ЗСФ КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје се издава дозвола за давање заедничка понуда за преземање на Скопски пазар АД Скопје.

Понудата за преземање се однесува на 29.256 обични акции со право на глас издадени од Скопски пазар АД Скопје, кои преставуваат 41,24% од вкупниот број на обични акции. Во моментот на поднесување на понудата за преземање, Современ Дом АД Прилеп веќе поседува 17.590 обични акции од Скопски пазар АД Скопје, што претставува учество од 24,80% од вкупно издадените акции со право на глас на овој издавач, а додека ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје има 16.120 обични акции од Скопски пазар АД Скопје, односно 22,72 % од вкупно издадените акции со право на глас на овој издавач.

Согласно член 12 од Законот за преземање на акционерски друштва, оваа понуда е дадена во случај на заедничко дејствување, односно како заедничка понуда за преземање. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 6.500,00 денари по акција. Преземачите не ја утврдиле најмалата количина на хартии од вредност која треба да се прифати, за понудата за преземање да се смета за успешна, соопштија од КХВ.

Поврзани вести

Повеќе дигитални услуги, подобрување на ефикасноста на доставата и зголемување на работното време, ветува директорот на Пошта

Влатко Зорба

Ќе се обелодени списокот на фирмите кои ја злоупотребија финансиската помош на државата

Влатко Зорба

Китев: Над 8.5 милиони евра се враќаат назад кај граѓаните преку МојДДВ заклучно со јануари 2020 година