Според извештајот на ИТЦ, кинескиот извоз во февруари годинава од претходната година во однос на истиот период лани падна за 21 отсто.
– Целосните ефекти од кризата сè уште не се видливи, бидејќи повеќето земји започнаа со затворање на границите кон крајот на март и април, наведува ИТЦ во извештајот.Блокадите во Кина, Европската унија и САД имаат најголемо влијание врз меѓународната трговија, бидејќи овие три економии, како што се наведува во истражувањето, се главни играчи во глобалните синџири за снабдување и затоа се важни увозници на суровини, делови и компоненти.
Како резултат на тоа, африканските извозници ќе изгубат повеќе од 2,4 милијарди американски долари во глобалниот извоз, а повеќе од 70 проценти од тие загуби се поврзани со привремени нарушувања на синџирот на снабдување со ЕУ.
Според податоците на ИТЦ, трите главни трговски центри – Кина, САД и ЕУ, учествуваат со 63 отсто од увозот на светски снабдувачки синџири и 64 отсто од извозот. Затоа ИТЦ наведува дека глобалната економија изгубила најмалку 126 милијарди долари поради пандемијата.
Во извештајот се наведува и дека пандемијата сериозно погодила над 55 отсто од сите мали и средни претпријатија.