СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Танасоски и Лукаревска се сретнаа со заменик директорот на австриската царина, Вогл-Ланг

Во Царинската управа денеска се одржа билатерален состанок со високи претставници на Царината на Австрија, на кои меѓу другото се презентираа и детали за претстојните активности од новиот ИПА проект, што ќе биде фокусиран на поглавјата 16-Оданочување и 29-Царинска унија, а кој ќе се реализира со експертска помош на Австрија.

Делегацијата од Австрија, предводена од заменик – директорот на Царината на Австрија, Бетина Вогл-Ланг се сретна со директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на која присуствуваше и амбасадорот на Австрија во државава, Георг Вуцас. На средбата беше изразено задоволството од досегашната соработка и беа изнесени очекувањата од идните заеднички проекти каде нашите национални институции со голема доверба и благодарност се потпираат на помошта и професионалното искуство на своите колеги од Австрија, соопштија од Царинската управа.

Во вториот дел од состанокот, како што се посочува, разговараа претставниците на Царинската управа на Република Северна Македонија и колегите и повеќегодишни соработници од Австрија, Вернер Тири, раководител на Оддел за организирање и управување во Царината и за меѓународна соработка, Мајкл Прашак, раководител на Одделот за царински прописи и меѓународни проекти и програми и Андреа Ројтер, раководител на Царинската испостава во Виена и јужен регион на Австрија.

Се разговараше за последните резултати во развојот на царинските служби на двете земји, работните посети во рамки на програмата Царина 2020 и организирање на активности поврзани со TAIEX. Воедно се отвори и дискусија за претстојните активности во рамки на ИПА проектот „Подобрување на наплатата на приходите и даночните и царинските прописи“, што ќе се спроведува преку четири компоненти во траење од 36 месеци и за кој се наменети средства во износ од 3,5 милиони евра, наменет за Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Царинската управа. Се разменија информации и околу други домени на можна соработка вон твининг проектите, стои во соопштението од Царинската управа.

Поврзани вести

ЕЦБ ПРОДОЛЖУВА ДА КУПУВА ОБВРЗНИЦИ: „Силната обнова услов за укинување на програмата на стимуланси“

Stefanija Kuzmanovska

Ребалансот на буџетот е скроен добро, тврди Бочварски

Влатко Зорба

Заев: Посветеноста на компаниите за постојан развој, придонесува за поквалитетни и поконкурентни производи и услуги

Влатко Зорба