СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Трговските центри треба да работат и во недела, вели Заев

Премиерот Зоран Заев смета дека трговските центри треба да работат и во недела, но вели дека им дава шанса на ресорните министри, работниците и коморите да утврдат кое е најдоброто решение.

-Ако во недела не работат трговските центри во Скопје нашите граѓани ќе одат во Косово и во Србија. Ако, пак, работат, тие ќе дојдат овде во недела. При тоа работењето во недела треба да се определи какво е согласно работничките права, рече премиерот Заев во одговор на новинарско прашање при денешната посета на „Скопје Ист Гејт“ заедно со вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министрите за транспорт и врски и за економија, Благој Бочварски и Крешник Бектеши.

Поврзани вести

Со вториот сет владини мерки поддршка и за занаетчиите

МЗЗПР предлага КОВИД-19 да биде признато како професионално заболување

Во подружниците на Пошта од денеска повторно може да се плаќаат сметки

Влатко Зорба