СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Трипуновски: Власта има неисплатени субвенции во износ од 100 милиони евра

СДСМ преку Трајан Димковски сака да ги поткупи земјоделците со 60 милиони евра, со пари на земјоделците кои им следуваат согласно закон, а не им биле исплатени изминативе три години. Алармиравме и посочувавме дека има дупка во Платежната агенција од 100 милиони евра, субвенции, кои им ги должи оваа власт на земјоделците за годините 2017, 2018 и 2019 година. Власта негираше и лажеше, обвини денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

– Со моето влегување во МЗШВ и откривањето на криминалите на Љупчо Николовски и Трајан Димковски, се исплашија и побрзаа да направат измена на програмата и сите средства планирани во програмата за 2020 ги пренаменуваат во ставката заостанати обврски од претходни години и со тоа ја оставаат програмата празна без средства за исплата, односно за сите мерки за растително и сточарството ги оставаат со по 1.000 денари, изјави Трипуновски.

Тој информира дека на 28 декември Владата донела Програма за финансиска поддршка во земјоделството со која за 2020 година испланирала 20 милиони евра за покривање на заостанати долгови.

– На 10 јануари Трајан Димковски, со барање за измени во Програмата од Владата побарува пренамена на средства, со што се додаваат дополнителни 40 милиони евра. Првин ја манипулираа целата јавност дека само 20 милиони евра не се исплатени, за по 14 дена да признаат дека лажеле. Љупчо Николовски и Трајан Димковски не исплаќаа три години, ниту ќе исплатеа сега. Исплатата која ја прават е со цел предизборен поткуп со 60 милиони евра, пари кои на земјоделците им следуваат согласно закон. Тоа се нивни пари, не се ниту на Трајан, ниту на Љупчо, ниту на Заев. Оваа власт има неисплатени субвенции во износ од 100 милиони евра, рече Трипуновски. Им порача на земјоделците да не подлегнуваат на притисоците и обидите за поткуп.

Поврзани вести

Народната банка го јакне капацитетот со германска и хрватска помош

msp-admin

Арсовска и Мандела во Глобалниот комитет на жени лидери

Влатко Зорба

Економската изолација на Русија одеднаш веќе не е толку лоша идеја

Stefanija Kuzmanovska