СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Царовска упати благодарност до Комерцијална банка АД Скопје за предвременото уплаќање на дел од обврските кон државата

Од кабинетот на Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска упатија јавна благодарност до  Комерцијална банка АД Скопје за извршената уплата на 120 милиони денари одеднаш по основ на аконтативен данок на добивка за 2020 година.

„Комерцијална банка уплатата ја направи предвреме имајќи го во предвид развојот на состојбите и сериозноста и опасноста на ширењето од КОВИД-19 што укажува на високата свест и одговорност на оваа компанија“, се вели во соопштението.

Според нив, со ваквата одлука Комерцијална банка АД Скопје придонесува за поголема ликвидност државата и нејзиниот буџет коишто се целосно ставени во функција на справување со коронавирусот и поддршка на приватниот сектор.

Поврзани вести

„Лидл“ ќе вложи 300 милиони евра во Скопје и ќе отвори и неколку маркети

Владата издвои 620 милиони денари за инвентер-клими во домаќинствата во Скопје, Битола, Тетово и Кичево

Стопанска Банка АД Битола: Немаме дополнителни информации за порастот на цената на акциите

Влатко Зорба