СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Турската Фондација МААРИФ купи дел од кампусот на АУЕ „ФОН“

Турската Фондација МААРИФ купи дел од студентскиот кампус на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН, сопственост на компанијата „ФИНЕ“. Според менаџментот на Фондацијата, аквизицијата на повеќе од 10.000 м2 простор е почетна фаза во реализација на плановите за проширување на Меѓународните училишта „Маариф“ и на територијата на Скопје, кои до сега функционираа во Тетово.

Согласно стандардите по кои се уредени сите Меѓународни училишта „Маариф“ во светот, во кампусот во Скопје ќе функционираат детска градинка, основно и средно училиште, а предвидени се и други содржини како библиотека, спортска сала, лаборатории, кујна и кантина за студентите, специјализирани училници за ликовна и музичка култура, медицински тим, итн.

„Посветени сме да обезбедиме високо квалитетно, меѓународно и исклучително конкурентно образование во земјите во кои работиме. Особено ни е драго што можеме да го пренесеме нашето богато искуство во образованието на учениците и студентите во Република Северна Македонија. Искуството и интересот на граѓаните за школување на своите деца во Кампус Тетово, Меѓународно училиште „Маариф“, нѐ поттикнаа да ја прошириме нашата работа и во главниот град. Купувањето на веќе одлично уреден образовен кампус е првиот чекор кон остварување на нашите заложби, да понудиме врвно меѓународно образование и за учениците во Скопје.“ – истакнува Селим Џерах, Член на одборот на доверители на МААРИФ и додава дека му претставува задоволство што во кампусот ќе бидат соседи со уште една високо-квалитетна образовна институција, Американскиот Универзитет на Европа-ФОН, кој по аквизицијата се сели во просторот каде досега беше сместен нивниот студентски дом.

Капацитетот на новото Меѓународно училиште „Маариф“ во Скопје е 1200 ученици, а за реализација на образовниот процес кој ќе се одвива на англиски јазик, предвидени се околу 100 нови вработувања, наставен кадар и помошно технички персонал.

Турската Фондација МААРИФ е основана во 2016 година со силна стратегија за развој на образованието и образовниот кадар на светско ниво. Досега Меѓународните училишта „Маариф“ се присутни во 44 земји во светот, со што веќе се препознатлив глобален бренд на полето на едукацијата.

Во Република Северна Македонија, под закрила на оваа фондација, од 2017 година во рамки на Кампус Тетово, Меѓународно училиште „Маариф“ работат градинка, основно и средно училиште, а наставата ја посетуваат 552 ученици. Наставата во Меѓународно училиште „Маариф“ се одвива на англиски јазик, а во него работат 130 вработени.

Во Кампус Тетово, Меѓународно училиште „Маариф“ веќе се во тек уписи за наредната учебна година, а најдобрите ученици согласно резултатите на приемниот испит имаат можност и да добијат стипендија. Меѓународното училиште „Маариф“ во Скопје ќе ги планира своите образовни активности по добивањето на сите потребни дозволи и решенија согласно законите во Република Северна Македонија.

Поврзани вести

Средба Заев – Азески: Предлозите на бизнис заедницата ќе се вметнат во партиската изборна програма

Никола Поповски

Поскапуваат дизелот и бензините!

Влатко Зорба

Анѓушев: Домашната економија мора да биде отворена кон големите земји и пазари и да воспостави комуникации со руските компании