Економско-социјалниот совет на денешната седница, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, дискутираше по неколку точки од кои најзначајно место зема новиот Оперативен план за активни мерки и програми за вработување за 2021 година.
Министерката Шахпаска истакна дека министерството во чиј фокус се ранливите категории на невработени лица , продолжува со креирање на политики и мерки со цел помош и поддршка за нивна успешна активација на пазарот на трудот.
Со Оперативниот план за вработување за 2021 година во континуитет продолжува стремежот за што поголем опфат на невработени лица со мерките за вработување како и креирање на ад-хок мерки согласно новонастаната состојба на пазарот на трудот во Република Северна Македонија предизвикана од пандемијата од КОВИД 19. Притоа, посебен акцент беше ставен на директната интервенција на пазарот на трудот и повторно вклучување на лицата кои ги изгубиле своите работни места како резултат на пандемијата .
Социјалните партнери ,присутни на денешната седница на Економско социјлниот совет го оценија Оперативниот план за 2021 година како сеопфатен и се согласија дека ги задоволува потребите на општеството .
Со оглед на успешната реализација на Оперативниот план за 2020 година и новонастаната состојба предизвикана од пандемијата, оваа година трансферот на средства за програми за вработување од Буџетот на МТСП во 2021 година во однос на 2020 година е зголемен за повеќе од четири пати .
На денешната седница се разгледа и се усвои Програмата за работа на Економско социјалниот совет, а до социјалните партнери беше побарано нивно активно вклучување во креирањето на мерки за петиот пакет економска помош од државата.