СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Во март биле „завртени“ над 2.7 милијарди денари на Македонската берза

Скоро 34% од прометот на Македонска берза е реализиран во март, покажува Годишниот билтен на берзата.

Според податоците, анализирано по месеци, најголем процент од 33,99% отпаѓа на тргувањето во март. Тогаш биле „завртени“ 2.785.792.356 денари. Најголем дел од нив или 63,73% се блок трансакции (1.301.357.421 денари), а остатокот е од класично тргување (1.484.434.935 денари).

Извештајот нотира дека “најслаб“ месец минатата година на берзата беше ноемри со само 3,82% удел во годишниот промет или 313.231.357 денари.

Вкупниот промет лани беше 8.195.475.839 денари, од кои на класично тргување отпаѓаат 5.987.273.498 денари, на блок трансакции нешто повеќе од две милијарди денари, а на јавни понуди 166,2 милиони денари.

Пазарната капитализација во периодот јануари – декември лани беше 183.150.945.751 денар, што е за 1,22% помалку одошто во 2019 година. Прометот лани беше за 6,43% понизок од 2019 година или 8.195.475.839 денари.

На берзата, според годишниот статистички билтен, се реализирани 22.689 трансакции, што е за 20,19% повеќе во споредба со 2019 година. Пораст на годишна основа од 1,20% има кај индексот МБИ 10, што се позиционираше на 4.704,85 поени.

Поврзани вести

Заев: Се очекува годинава да се врати економскиот раст и да се надминат шоковите од пандемијата

Влатко Зорба

Бочварски: Инвестициите во патишта се големи проекти, внимаваме да не ни се случуваат репроекитрања, како претходно.

Влатко Зорба

„Недела неработен ден” се одложува за 1-ви јануари 2022 година

Влатко Зорба