СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Сугарески: Ако е неопходно ќе се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села

Доколку е потребно ќе се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села, најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Владата има донесено мерка за намалување на 50 отсто на бројот на патници во меѓуградскиот превоз и патницитие да бидат најмалку два метра одалечени еден од друг. Согласно препораките на Кризниот штаб, Министерството за здравство и Владата доколку се смета дека е неопходно да се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села и таа мерка дополнително ќе биде донесена, рече Сугарески во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека во моментов согласно препораките во сила е само препораката за сериозно намалување на бројот на патниците во меѓуградскиот превоз.

Поврзани вести

Од денеска поевтин роаминг кон земјите од Западен Балкан

msp-admin

Заев: Инвестицијата на „М6 Аграр” и „Тиквеш“ создава услови за производство на квалитетни македонски вина

Регулаторна комисија бара да ја определува и цената за водата