СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ССМ: Потрошувачката кошничка во октомври изнесува 33.704 денари

Од јануари до денес, според Сојузот на Синдикатите на Македонија, минималната потрошувачка кошничка поскапела за 1000 денари, додека просечната плата останала речиси иста.  Минималната кошничка во октомври чинела 33.704 денари, во јануари за истите стоки и услуги домаќинствата плаќале 32.791 денар.

Во кошничката, исхраната и пијалаците учествуваат со 14.092,64 денари, домувањето со 10.812,82, хигиената со 2.388,61, а превозот со 2.469,16 денари.

За облека и обувки се потрошиле по 2.157,26 денари, за култура 1.066,79, додека за одржување на здравјето вкупно 716,91 денари.

ССМ потсетува дека согласно последната објава на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето-плата, за август 2020 година, изнесуваше 27.535 денари.

Поврзани вести

Банката на федерални резерви ги стави во карантин доларите од Азија

Stefanija Kuzmanovska

СКСЗМ: Уредбата за носење заштита на лицето е неприфатлива за деловната заедница

Берта Китинска

Над 114.500 граѓани лани купиле полиси за здравствено осигурување

Влатко Зорба