СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Климатски промени: Искористи ја сончевата енергија, во државава имаме 280 денови Сонце годишно

Поради ограничените енергетски ресурси, обновливите извори на енергија имаат голема важност. Во обновливи извори на енергија спаѓаат: енергијата добиена од водата, ветерот, биомасата, сончевото зрачење и геотермалната енергија.

Искористувањето на сончевата енергија може да биде преку нејзино претворање во топлинска и електрична енергија. Оваа енергија е многу значајна бидејќи при нејзиното производство не се загадува животната средина.

Сонцето е оддалечено од земјата околу 150 милиони километри. Во просторот околу Сонцето преку сончевото зрачење се емитува огромна енергија од која на Земјата доаѓа во просек околу 1 kW/m2 на хоризонтална површина.

Производството на соларна електрична енергија со фотоволтаични панели во последниве години е многу актуелна. Северна Македонија се наоѓа на многу поволна географска положба каде сончевото зрачење е големо и погодно за инсталирање на соларни системи за искористување на сончевата енергија, но за жал таа многу малку се користи.

Со околу 280 сончеви денови во годината и околу 1500 kWh сончево зрачење на метар квадратен, Северна Македонија спаѓа во земјите со најголемо зрачење во Европа, но не и во земјите кои најмногу ја користат соларната енергија. На пример, Австрија и Германија произведуваат 100 пати повеќе електрична енергија од сонцето иако имаат 30 до 40% помало сончево зрачење во споредба со Северна Македонија.

Размисли како ти би ја искористил електричната енергија за да бидеш дел од малите чекори кои ќе ги преземеш во “борба“ со климатските промени.

Проектот „Да зборуваме за климатските промени е финансиран од Делегација на Европска Унија во земјава, го имплементираат здруженијата Центар за истражување и информирање за животна средина ЕКО-СВЕСТ, CNVP – Macedonia и Движењето на екологистите во Македонија –ДЕМ и преку него едуцираат и делуваат за справување со климатските промени во државава.

Поврзани вести

Huawei OptiX SuperSite овозможува супер брз пристап во дигиталниот свет

Влатко Зорба

Стопанска Комора на Србија: Новата пруга од Белград до С.Македонија ќе донесе нови инвестиции и поголема конкуренција во целиот регион

Влатко Зорба

Што треба да работите во Америка за да имате многу пари?

Влатко Зорба