СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Sony бележи рекорден скок на вредноста на акциите

Познатата јапонска компанија Sony годинава оствари раст од 8,41 процент во акциите. Акциите на другите компании во секторот за производство на аудио-видео пораснаа за 6,08 проценти. Според дискреционата група на потрошувачи која вклучува 251 компанија, акциите на Sony го привлекуваат вниманието на многу инвеститори заради своите натпросечни перформанси.

Финансискиот модел Zacks Sector Rank, кој вклучува 251 компанија, го рангираше Sony во првата категорија акции на „силно купување“, пренесува Nasdaq. Во текот на изминатите 90 дена, според проценките на Zacks Sector, изгледите за годишна заработка на акциите на Sony се зголемија за 42,32 проценти.

Zacks Sector Rank е докажан модел кој ги истакнува акциите на компаниите што би можеле да остварат профит на пазарот во следните три месеци. Акциите на Sony се зголемија за 10,4 проценти во четвртокот, најголема дневна добивка од мај 2019 година. Sony Corp зајакна на највисоко ниво во последниве десет години откако ги зголеми изгледите за раст на оперативниот приход за 34 проценти.

Компанијата со седиште во Токио очекува да заработи 940 милијарди јени (8,9 милијарди долари) во фискалната година што завршува во март, во споредба со 700 милијарди јени (6,57 милијарди долари) во претходната фискална година, објави Јаху финансис за Блумберг.

Новата Sony PlayStation 5 конзола е продадена во 4,5 милиони примероци во првите три месеци откако се појави на пазарот, и покрај тешкотиите во производството поради недостиг на некои компоненти, а Sony очекува да ја надмине својата цел за продажба од 7,6 милиони единици до крајот на март. Планот за следната фискална година е да се продадат дополнителни 14,8 милиони парчиња PS5.

Sony исто така го зголеми бројот на претплатници на PlayStation Plus за 1,5 милиони и сега има 47,4 милиони. Компанијата со седиште во Токио продаде 4,1 милиони копии од својата водечка игра „Спајдермен“. Растот на претплатниците и продажбата на софтвер и помогна на компанијата да ги надмине проценките на аналитичарите и да го заврши последниот квартал од минатата календарска година со 359,2 милијарди јени (3,37 милијарди долари) оперативен профит.

Побарувачката за хардвер на камерата за iPhone 12 дополнително ја зајакна деловната активност на Sony.

Поврзани вести

КУБА ИМА НОВ ЕКОНОМСКИ ПЛАН: Ќе овозможи отворање на бројни приватни компании

Влатко Зорба

Ротари клубот – Скопје Интернешнал донираше ајвар за Домот за стари лица „Мајка Тереза“ од Скопје

msp-admin

Новиот шеф на Intel: Не може Apple да прави подобри чипови од нас

Влатко Зорба