СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Што може да се случи ако креаторот на биткоин го продаде својот удел од 30 милијарди долари?

Coinbase во четвртокот објави документи за нејзино котирање на берзата Nasdaq со директно котирање.

Платформата за дигитално тргување во својата пријава го наведе креаторот на биткоин, Сатоши Накамото, како фактор на ризик – тоа е псевдоним што го користи личност или група луѓе кои ја создадоа најпопуларната криптовалута, пишува „Инсајдер“.

Ако се открие идентитетот на авторот, тоа може да предизвика пад на цените на биткоинот, се вели во пријавата на Coinbase.

Како значаен момент се споменува и личниот фонд на Bitcoin на Накамото, кој вкупно надминува милион монети. Во текот на февруари, еден биткоин вредеше повеќе од 50.000 долари.

Накамото може негативно да влијае на Coinbase, соопшти компанијата, но може и да го дестабилизира целиот пазар на криптовалути ако креаторот одлучи да ги пренесе своите биткоини, чија вредност се проценува на повеќе од 30 милијарди долари.

Креаторот на биткоин бил првиот што „ископал“ криптовалута, а инвестицијата на Накамото во дигитална валута сочинува скоро 5% од целиот пазар на биткоин, бидејќи има само 21 милион биткоини што можат да се ископаат.

Вредноста на биткоинот во голема мера е водена од дефлаторни тенденции. Ако на пазарот се пуштат 1,1 милиони биткоини, цената на дигиталната валута скоро сигурно ќе паднеше, посочува Инсајдер.

Слично на тоа, биткоинот е пофален за неговата децентрализирана природа. Зад валутата не стои институција или индивидуа. Ако Накамото беше изложен, тоа би ја ставило валутата под еден субјект, што би можело да ги обесхрабри трговците кои ја купиле поради нејзината децентрализација.

Поврзани вести

Изненадување: Малите инвеститори купувале повеќе биткоини

Влатко Зорба

Како растеше вредноста на Bitcoin во последните 10 години (инфографик)

Влатко Зорба

Доџкоин доби нови фанови – Далас Маверикс

Влатко Зорба