СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Просечната плата во технолошко-развојните зони е пониска во однос на просечната плата во македонската економија

Директорот на Дирекцијата за технолошко-развојни зони, Јован Деспотовски не е задоволен од висината на платите што им се исплаќаат на вработените во зоните. Нема да се даваат субвенции за да се поттикнат компаниите да ги зголемат платите, туку преку посебна програма за развој на вештини и продуктивност, ќе се поттикне здрав раст на платите.

– Апсолутно сум незадоволен, не само за нивото, туку и од фактот дека просечната плата во рамки на зоните е пониска во однос на просечната плата во рамки во македонската економија. Искрен да бидам за мене беше изненадувачки во негативна смисла тоа што технолошко напредни компании исплаќаат пониски плати во однос на останатите во рамки на економијата – истакна Деспотовски на денешната прес-конференција во Владата.

Поврзани вести

Отворен граничниот премин Белановце Станчиќ

Влатко Зорба

За еден ден заработил 5,1 милијарди долари!

Влатко Зорба

Поради зголемувањето на цената на струјата НСГРИТГ ќе организира протест

Берта Китинска