СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Вол Стрит запре за 15 минути: Паника на берзите поради коронавирусот

Откако индексот „Дау Џонс“ падна за повеќе од 1.800 поени поради коронавирусот, тргувањето на Вол Стрит беше привремено суспендирано.

Денес беше забележан најголем пад на индексот Дау Џонс уште од 2008 година, кога светот беше погодена од економската криза.

Индексот „Standard and Purs 500“ исто така е во пад за повеќе од шест проценти, со најголем пад кај нафтените компании и банките.

„Трговијата беше стопирана на петнаесет минути, за инвеститорите да можат да дојдат до здив“, наведува „Гардијан“ на својот блог.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави твит.

„Ништо не се прекинува, животот и економијата продолжуваат“, рече Трамп.

Поврзани вести

Голем дел од занаетчиите не можат да аплицираат на бескаматните кредитни линии на Развојна банка

Влатко Зорба

Парите од пропаднатите билети на Виз Ер ќе бидат трансферирани во кредити

Дали е ова првиот албански суперавтомобил? (ВИДЕО)

Никола Поповски