СТАНДАРД life
Фитнес

Високиот крвен притисок е опасен и се повеќе луѓе го имаат! Откриваме кои вежби го намалуваат најдобро

Кога некој вели дека е потребна поголема физичка активност за да се намали високиот крвен притисок, повеќето луѓе мислат дека треба да трчаат или да одат во теретана. Сепак, истражувањата на научниците покажаа дека вежбите за време на кои телото е во статична положба, како што е планк или потпирање до ѕид, се најдобриот начин за намалување на притисокот, пишува The Conversation.

Овие изометриски вежби вклучуваат контракција на одредена мускулна група и потоа држење во таа положба во текот на вежбата.

– Во финалната анализа беа вклучени 270 контролирани тестови, со примерок од 15.827 учесници. Анализите покажаа значително намалување на притисокот во мирување после аеробен тренинг (-4,49/-2,53 mmHg), динамичен тренинг со тежина (-4,55/-3,04 mmHg), комбиниран тренинг (-6,04/- 2,54 mmHg), интервален тренинг со висок интензитет (- 4,08/-2,50 mmHg) и изометриски тренинг (-8,24/-4 mmHg). Како што покажуваат метаанализите, најдобра ефикасност се изометриските вежби (98,3%) и комбинираниот тренинг (75,7%). Секундарната мета-анализа покажа дека изометриското потпирање на ѕид и трчање се најефективните начини за намалување на крвниот притисок. Заклучокот е дека различните модели на тренинзи го подобруваат крвниот притисок, особено изометриските вежби – се вели во студијата објавена во British Journal of Sports Medicine.

Изометриските вежби влијаат на телото на сосема поинаков начин во споредба со аеробниот тренинг, изјави за Би-Би-Си д-р Џејми О’Дрискол од Универзитетот „Крajст Черч“ во Кантербери.

– Ја зголемуваат напнатоста во мускулите додека ја задржуваат положбата две минути, а потоа наеднаш доаѓа до голем проток на крв кога мускулите се опуштаат. При тој зголемен проток на крв, важно е правилно да се дише – рече тој.

Хипертензијата или високиот крвен притисок е една од најчестите болести, а е многу опасна бидејќи драстично го зголемува ризикот од мозочен и срцев удар.

Поврзани вести

Вежби кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања за дури 20%: Можете да започнете уште денес

Urednik

Тренер откри која вежба е најефикасна за отстранување на салото на рацете

Urednik

Пет совети кои ќе ви помогнат брзо да ослабете

Radmila Tasevska