СТАНДАРД life
Фитнес

Затегнете ги нозете за 7 дена со овие вежби: Ви требаат 20 минути дневно

Иако поголемиот дел од летото заврши, секогаш треба да се грижиме за телото и изгледот, не само кога се подготвуваме за на плажа.

На дамите им е особено важно телото да го одржуваат витко, па применуваат различни совети поврзани со исхраната и вежбањето.

Доколку не сте задоволни од изгледот на вашите нозе, следете ја оваа седумдневна програма. Вистина е дека е понапорен од повеќето тренинзи кои ќе ги препорачаат фитнес инструкторите, бидејќи пауза има само во среда, но затоа брзо ќе се задоволите со одразот во огледалото.

Важно е да ги следите правилата пропишани од програмата за да ги добиете посакуваните резултати, пишува „skinnyms“.

Тоа е кружен тренинг фокусиран на нозете, обликувајќи ги бутовите и долните мускули. Времетраењето е 20 минути, а после секоја вежба се прави пауза од 10 секунди. Предноста е што овие вежби можете да ги правите и дома:

Понеделник

20 странични исчекори (10 секоја нога)
30 скокови
20 исчекори (10 секоја нога)
25 чучњеви со раширени нозе
10 клекнувања со чекорење напред

Вторник

30 Спартански склекови (склекови со влечење на едната, а потоа на другата нога до стомак)
30 странични исчекори (15 секоја нога)
20 скокови
20 „мртви кревања“ во место
15 вежби „Џингис Кан“ (склек, па скокање со кренати раце)

Среда

Ден за одмор

Четврток

50 чучњеви
20 скокови
30 вежби со влечење на нозете зад телото
25 скокачки чучњеви
20 чекори напред со тегови (ако ги немате, „импровизирајте“ ја тежината на нозете)

Петок:

20 „мртви кревања“ во место
20 странични исчекори
30 скокови
20 исчекори (10 секоја нога)
25 сквотови со тегови
10 клекнувања со чекорење напред

Сабота

30 Спартански склекови (склекови со влечење на едната нога, а потоа на другата до стомак)
30 странични исчекори (15 секоја нога)
20 скокови
20 „мртви кревања“ во место
15 вежби „Џингис Кан“ (склек, па скокање со кренати раце)

Недела

50 чучњеви
20 скокови
30 странични исчекори со тегови на ногата
25 скокачки чучњеви
20 чекори напред со тегови

Поврзани вести

5 совети за исхрана кои ќе ви помогнат побрзо да ги видите резултатите од тренингот

Urednik

Зошто е важно да вежбате секој ден во исто време?

Urednik

Потребни се 10 минути дневно: Посилен задник со само 3 вежби

Urednik