СТАНДАРД life
Фитнес

„Удобно кардио“ е нов тренд што го сакаат сите жени: Тренинг во пижами додека гледате телевизија и читате книги

Самата помисла на тренинг не насочува кон одење во теретана, трчање надвор или одвојување катче внатре во домот, кое ќе биде нашата домашна теретана.

Сепак, колку што е можно да се „oдомаќини“ светот на фитнесот, здравите навики и вежби во нашиот дом, за некои тоа сепак не е соодветна опција.

Во последно време на интернет кружи „удобно кардио“, начин на тренирање кој многу луѓе, особено дамите го обожаваат.

Имено, жените масовно купуваат ленти за трчање, кои можат да ги постават во аголот на собата и да ги користат кога сакаат. Тоа е една од клучните работи на овој тренд.

Откако ќе се разбудат наутро, подготвуваат кафе и вода во пижами и ги оставаат на масичката. До масичката, во средината на просторијата во која го поминуваат поголемиот дел од времето, поставете лента за трчање. Во пижами и бањарки се подготвуваат за долга прошетка и согорување калории, додека на телевизорот пред нив се пушта нивната омилена серија или филм, горат миризливи свеќи, а на дофат се далечинскиот управувач, кафето и водата.

Некои дури успеале да пешачат по еден час во придружба на лесна музика додека ја читале својата омилена книга. Инфлуенсерка се пофали со ова на профилот @hope_zuckerbrow на „TikTok“.

@hope_zuckerbrow COZY CARDIO💗 #fyp #booktok #cardio #cozy #walkingpad #spicybooks #cozycardio #weightloss ♬ Cute Girl – EXJUNE

Можете ли да замислите да гледате серија или да читате книга додека согорувате калории? Па, сега и тоа е можно.

После тоа, тие подготвуваат појадок и се подготвени за тој ден.

Многу „фитнес почетници“ се „заљубија“ во овој тренд, а можете само да замислите колку луѓе ќе се придружат кога ќе дојде студеното време.

Поврзани вести

Зошто е важно да се вежба во старост?

Radmila Tasevska

Интервју со Зафиров: Можеме да промениме сѐ, но нашето тело е единственото место каде што мораме да живееме и мораме да си го чуваме

Urednik

Потребни се 10 минути дневно: Посилен задник со само 3 вежби

Urednik