СТАНДАРД life
Хороскоп

Хороскопски знаци кои се родени под „несреќна ѕвезда“

Различни работи, настани и ситуации влијаат на нашата перцепција за среќа и несреќа, а астрологијата препознава некои клучни причини зошто некои знаци страдаат повеќе од другите.

Одредени хороскопски знаци понекогаш се чувствуваат како да немаат право да бидат среќни и како среќата да ги заобиколува, а тоа се оние за кои зборуваме.

Јарец

Јарците имаат многу силна потреба за контрола и независност. Кога се среќни, нивните позитивни чувства често се поткопуваат поради фактот што не знаат или немаат контрола врз тоа колку долго ќе трае нивната среќа. Покрај тоа, тие често се чувствуваат ранливи и несигурни кога се предаваат на својата среќа.

Овен

Кај Овенот, честопати амбициите и високите стандарди ги спречуваат да ја прифатат среќата и да доживеат ослободување. Некои Овни секогаш чувствуваат дека треба да дадат и да постигнат повеќе. Тие брзаат од една до друга дестинација и никогаш не се чувствуваат среќни и спокојни. Мислат дека ја бркаат среќата, но всушност бегаат од неа.

Девица

Многу Девици имаат тенденција секогаш да ги бараат влакната во јајцето. За нив не постои совршенство, ниту совршена среќа, во нивните очи сè позитивно има „но“. Девиците можат да почувствуваат дека овој став ги штити од разочарување и илузии. Но, првенствено, тие самите си ја негираат вистинската среќа.

Шкорпија

Шкорпиите се генерално многу сомнителни луѓе, па среќата ги плаши некои од нив. Се плашат дека другите ќе им позавидат и мразат поради нивната среќа. Тие се плашат дека среќата секогаш ќе биде проследена со несреќа, за да може да се врати рамнотежата на вселената. Еве зошто некои Шкорпии ја избегнуваат среќата и на тој начин потсвесно се саботираат себеси, пишува miss7. hr.

Поврзани вести

Дневен хороскоп: Шкорпиите се на пресврт, а Девиците би можеле да ја сретнат старата љубов

Radmila Tasevska

Дневен хороскоп: Кој мора да биде внимателен со финансиите, а кој во љубовта?

Urednik

Три хороскопски знаци кои годинава ќе почнат да го реновираат својот дом од соништата

Radmila Tasevska