СТАНДАРД life
Балкан микс

Јелена Карлеуша објави листа на блокирани профили на Инстаграм

Српската пејачка Јелена Карлеуша деновиве е во фокусот на јавноста поради новиот албум „Алфа“ кој го објави на 13 август, а со кој како што најави ги помести границите. Додека броеше милиони прегледи на Јутјуб, таа покажа и како изгледа нејзината блокирана листа на Инстаграм.

Милица Павловиќ, со која го сними дуетот „Машала“, веќе откри како било да се соработува со поп-ѕвездата, а Јелена деновиве напорно работи на промоцијата на своите песни кои ги најави како „крај на светот“.

Една од песните што се појави на нејзиниот нов албум кој се чекаше десет години се вика „Блок“, па за подобар маркетинг на песната Карлеуша ја објави нејзината листа на блокирани профили на Инстаграм.

„Која е вашата омилена песна од албумот „Алфа“? Мојата дефинитивно е „Блок“. Често ја посетувам блок листата само за да видам како се мачат“, напиша Јелена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Поврзани вести

Братот на Никола Којо почина на хиподром од удар на коњ

Urednik

Милица Тодоровиќ се повлече поради бременоста, а сега открива: „Сите мислевме дека е девојче, но…“

Urednik

Ален Исламовиќ: „Бело Дугме“ подготвува голема турнеја, немам проблем со Тифа

Urednik