СТАНДАРД life
Храна

ИДЕЈА ЗА ОДЛИЧЕН РУЧЕК: Пастрмка во бело вино

Пастрмката подготвена на овој начин е неверојатно вкусна …

Состојки:

3-4 пастрмки

250 мл бело вино

путер

2-3 ловорови листови

лимон

брашно

масло

сол

Подготовка:

– Пастрмките исчистете ги, измијте ги и посолете ги убаво од сите страни.

– Наредете ги во огноотпорна тава за печење премачкана претходно со путер и прелијте ги со бело вино.

– На страна промешајте 2 лажици брашно и 50 мл масло. Додадете ги листовите ловор. Со оваа смеса прелијте ги рибите.

– Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 30 минути.

– Испечените пастрмки прелијте ги со сок од лимон.

Совет: Можете секоја риба да ја завиткате во алуминиумска фолија. Местото тогаш ќе биде уште помеко.

Поврзани вести

Нешто најблиску до магија! Чоколадна торта на која нема да можете да одолеете!

Urednik

Направете совршени мафини со боровинки за само 20 минути

Urednik

Мини пици калцоне со лиснато тесто

Radmila Tasevska