СТАНДАРД life
Хороскоп

Кои се трите ѕвездени знаци кои често остануваат сами во љубовта?

Што ја носи среќата во љубовта? Дали е судбината, карактерот, а можеби и Хороскопскиот знак под кој сме родени? Според астролозите, зодијачкиот знак влијае на секој аспект од нашиот живот, вклучувајќи и на љубовта и бракот.

И ако има такви, кои се вистински среќници и Купидон често ги посетува, тогаш има и претставници на Хороскопските знаци, кои често се осамени во љубовта.

Близнаци

Еден од најинтересните Хороскопски знаци е првиот на листата со осамените во љубовта. Претставниците на овој знак се фасцинантни. Тие секогаш знаат како да го привлечат вниманието на спротивниот пол. Сакаат да флертуваат, а кога ќе се заљубат, може да е за цел живот. Сакаат да даваат комплименти, но и да добиваат.

Како сестрани личности тие би биле импресионирани од партнер кој ќе ги инспирира на некој начин или ќе буди во нив восхит. Во љубовта секогаш се водени од своите емоции и чувства и често се насочуваат кон партнери кои имаат врска или веќе стапиле во брак. Тоа сосема не го одбива заљубениот Близнак од идејата да продолжи со обидите да добие љубов, која не постои.

Тој или таа се подготвени да страдаат, но не и да се откажат од идејата дека околностите може да се променат во нивна полза. Емоциите, кои ги тераат да летаат во облаци и да гледаат низ розови очила, ги носат во заблуда да се заљубат силно во личност која поради некоја причина не е достапна за нив. Прифаќаат дека времето, трпението и емоциите кои ќе ги жртвуваат ќе им донесат среќа.

За жал, кога тоа нема да се случи, тие се во можност да се измачуваат подолго време во кое не би можеле да го оддадат срцето на друг. Затоа родените во знакот на Близнаци често се осамени во љубовта.

Лав

Тие се енергични, сакаат да бидат во центарот на вниманието, слободољубиви се и не ја прифаќаат рутината, особено во сексот и љубовта. Родените во знакот на Хороскопскиот знак Лав лесно го привлекуваат вниманието на спротивниот пол. Нивната желба за постојана забава и флерт, открива многу можности пред нив за сексуални односи.

Сакајќи да ги задоволат своите потреби ретко размислуваат за спротивната страна и за тоа дали или не повредуваат некого. Тешко се заљубуваат вистински, но кога тоа ќе се случи, се подготвени да жртвуваат сè во името на саканиот.

Лавот е љубоморен, понекогаш премногу и е во состојба да дејствува деструктивно, ако се посомнева во исправноста на партнерот. Бидејќи не поднесува да биде сам, е подготвен да биде во однос со некој кој не е крал на неговото срце. Сепак, тој е осамен, дури и кога има некој до него.

Водолија

Тие маѓепсуваат со својот шарм и интелигенција. Но, дали тоа им помага да бидат среќни на љубовен план? За родените во знакот на Водолија е карактеристично дека речиси секогаш избираат несоодветни за нив партнери. Секогаш тргнуваат со став дека тој или таа ќе одговараат на нивните барања за партнер, затоа што за нив е важно нивниот партнер да биде на високо интелектуално ниво.

Големите очекувања ги ставаат во графата разочарани и осамени. Затоа понекогаш изгледа како скитаат во љубовта. Не живеат по правила и не постапуваат по такви, кога станува збор за создавање на среќна врска. На моменти кријат длабоки чувства и емоции, но кога се привлечени од некого, се исклучително упорни, дури и да бараат само секс.

За Водолијата е важно да има постојана возбуда во врската, инаку е склона кон изневери, кои често завршуваат со распад на односите и чувство на осаменост.

Поврзани вести

Колку хуморот е важен за љубовната врска?

Radmila Tasevska

Овие хороскопски знаци не можат без газирани сокови

Radmila Tasevska

Дневен хороскоп: Близнаците имаат можност за дополнителна работа, а еве кој е подготвен за веридба

Urednik