Како што знаеме, кнедлите се популарна храна на нашите простори. Може да се сервираат и во слатки и во солени варијанти и има многу варијации на темата.
Додека во некои рецепти е потребно време тестото да стаса, има и побрзи опции, а ние се одлучивме за една од нив.
Пред вас е рецепт за многу брзи кнедли, кои се идеални за вечера, но и за појадок следниот ден, бидејќи остануваат свежи долго време.
Најдобро од се е што не треба да чекате тестото да нарасне, а сигурни сме дека веќе ги имате сите состојки во вашата кујна.
Затоа, без дополнително одложување, да преминеме на рецептот:
Состојки:
* 250 мл јогурт
* 1 јајце
* околу 450 гр брашно (се додава постепено)
* 1,5 лажички сол
* половина кесичка прашок за пециво
* масло за пржење
Подготовка:
Соединете ги сите состојки и развлечете го тестото.
Тестото исечете го на коцки.
Истурете масло во тавата и загрејте го. Погрижете се маслото да не е премногу жешко.
Ставете ги коцките во маслото, а готовите кнедли извадете ги на чинија покриена со хартиена крпа.
Послужете со вашиот омилен сос.
На здравје!